Дописници МКДОпштински вести

Општина Велес планира две велосипедски патеки

Општина Велес планира да обележи велосипедска патека на дел од улицата „Алексо Демниевски-Баунан“ на потегот од раскрсница кај „Жито Вардар“ до Железничката станица и втората на неодамна изградениот асфалтен пат што води кон клисуратa Пешти покрај реката Бабуна, во должина од 2,6 километри.

Велес, 3 февруари 2020 (МИА) – Општина Велес планира да обележи велосипедска патека на дел од улицата „Алексо Демниевски-Баунан“ на потегот од раскрсница кај „Жито Вардар“ до Железничката станица и втората на неодамна изградениот асфалтен пат што води кон клисуратa Пешти покрај реката Бабуна, во должина од 2,6 километри.

На дилемата дека улицата што води кон Железничката станица што планира да ја направи од двонасочна еднонасочна и со велосипедска патека, а која е во Индустриската зона, градоначалникот Аце Коцевски појасни дека кога ќе биде  еднонасочна ќе биде доволно широка во еден дел да биде одбележана и велосипедска патека.

Тој појасни дека сега е тенденција во светот насекаде во возовите има и простор за велосипеди. За оние кои сакаат со велосипед да отпатуваат до друг град и таму да возат.

Од  таа причина општината ја планира оваа улица кон Железничката во Велес да биде и велосипедска патека, појасни Коцевски.

За новоизградениот асфалтен пат кон клисурата Пешти во должина од 2,6 километри изграден со средства од Владата преку АФПЗРР, вреден 15 милиони денари појасни дека општината планира преку денот да стане атрактивна велосипедска патека за велешани и привлечна за туристите.

Тој најави дека општината ќе достави барање до МВР да даде согласност преку денот патот да биде велосипедска патека.

Тој планира пристап на возилата да се овозможи само наутро и навечер, а во текот на денот само за итни случаи на возила за Брза помош на Пожарната и Полицијата. ад/нд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close