Дописници МКДОпштински вести

Општина Велес: Дуќанџиите да си го исчистат снегот пред нивните објекти

Општина Велес ги  известува сите правни и физички лица - сопственици или корисници на деловни објекти на оваа подрачје дека во услови на снежни врнежи се должни веднаш да го исчистат снегот пред нивните објекти со цел да се обезбеди непречен пристап до нив. Во спротивно, посочуваат од општината, надлежните инспекциски служби ќе преземат соодветни санкции за дуќанџиите кои нема да го исчистат снегот.

Велес, 15 февруари 2021 (МИА)Општина Велес ги  известува сите правни и физички лица сопственици или корисници на деловни објекти на оваа подрачје дека во услови на снежни врнежи се должни веднаш да го исчистат снегот пред нивните објекти со цел да се обезбеди непречен пристап до нив. Во спротивно, посочуваат од општината, надлежните инспекциски служби ќе преземат соодветни санкции за дуќанџиите кои нема да го исчистат снегот.

Отстранувањето на снегот од отворените јавни  простори пред деловните објекти е согласно член 22 од Законот за јавна чистота  и член 16 од Одлуката за одржување на јавната чистота на Општина Велес, информираат од општинската прес-служба.

Оттаму појаснуваат дека доколку сопствениците или корисниците на деловните објекти не го исчистат снегот пред објектите, надлежните инспекциски служби ќе преземат соодветни мерки во склад со нивните овластувања и надлежности согласно Законот за јавна чистота.ад/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close