Дописници МКДОпштински вести

Општина Велес: АД „Благој Ѓорев“ се уште не ги исполнува условите за добивање на Б-Интегрирана еколошка дозвола

Прехранбената индустрија „Благој Ѓорев“, попозната како Маслодајна, за да ја добие Б-Интегрираната еколошка дозвола, треба уште многу да работи на процедурите за постапување при несреќи и хаварии, да ги ажурира постоечките документи и планови како што утврдува постоечката Дозвола за усогласување со оперативен план, вели Билјана Шуркова Манаскора, раководител на Одделението за животна средина на Општина Велес.

Велес, 26 јуни 2020 (МИА) – Прехранбената индустрија „Благој Ѓорев“, попозната како Маслодајна, за да ја добие Б-Интегрираната еколошка дозвола, треба уште многу да работи на процедурите за постапување при несреќи и хаварии, да ги ажурира постоечките документи и планови како што утврдува постоечката Дозвола за усогласување со оперативен план, вели Билјана Шуркова Манаскора, раководител на Одделението за животна средина на Општина Велес.

Таа посочи дека АД „Благој Ѓорев“ треба да санира дел од котлите во котларницата кои се вон употреба бидејќи не ги задоволуваат граничните вредности на емисии во воздух, да го исчисти и уреди дворот, соодветно да постапи со сите видови отпад што ги создава и да ги следи насоките од општината поврзани со испуштањето на отпадните води доставени од страна на општината уште во текот на минатата година.

Што се однесува на прашањето за добивање на градежна дозвола од страна на Општина Велес за инсталирањето и изградба на објект за скапата опрема вредна 1,5 илиони евра која стои во кругот на фабрикатa, Шуркова Манаскова информира дека, таа стапила директно во контакт со компанијата која работи на основниот проект од каде е известена дека проектот сè уште е во работна фаза и во моментов е доставен до Институтот за земјотресно инженерство во Скопје.

– Со ова се докажа неоснованоста на обвинувањата на раководството на компанијата кое во јавноста пласира неточни информации околу основниот проект и тврди дека го доставила до Општина Велес, појасни Шуркова Манаскова.

Таа информира дека АД „Благој Ѓорев“ направиле уште еден прекршок така што излеаниот мазут измешан со сончогледово ќуспе го депонирале на Градската комунална депонија без да ги информираат надлежните служби во ЈКП „Дервен“ дека се работи за опасен отпад кој не смее да се депонира на депонија за неопасен отпад.

– Веднаш по дознавањето на информацијата, градоначалникот Аце Коцевски издаде наредба ЈКП „Дервен“ да го врати опасниот отпад на АД „Благој Ѓорев“, кое е должно со него да постапат како што налага законот, појасни Шуркова Манаскова.

На новинарско прашање до градоначалникот Аце Коцевски дали бил повикан на заедничка средба како што на последниот прес повикаа од менаџерскиот тим на компанијата, тој на денешниот прес информира дека таква покана од нив сè уште не добил. ад/ир

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close