Дописници МКДОпштински вести

Општина Валандово со повеќе приходи и расходи во првиот квартал од годината

Во првиот квартал од годинава, буџетската реализација покажува дека општина Валандово реализирала дури 26,5 отсто од планираните приходи за пресметковниот период од годината или околу 69,2 милиони денари по тој основ се слеале во касата, потврдија од надлежната општинска служба.

Гевгелија, 14 мај 2021 (МИА) – Во првиот квартал од годинава, буџетската реализација покажува дека општина Валандово реализирала дури 26,5 отсто од планираните приходи за пресметковниот период од годината или околу 69,2 милиони денари по тој основ се слеале во касата, потврдија од надлежната општинска служба.

Ова, посочија од општината, претставува зголемување на приходите за повеќе од 14 милиони денари споредено со истиот период од изминатата година.

– Значително зголемување годинава имаме и на реализираните расходи кои во првиот квартал бележат раст од 27 милиони денари, што споредено со лани потрошените 46,5 милиони денари во истиот период, претставува позитива од речиси 60 отсто, велат од општината.

Кумулативно, процентот на реализација на расходите во буџетот на општина Валандово, во првиот квартал од годината изнесува 28,1 отсто од планираното. им/мс/

Back to top button
Close
Close