Дописници МКДОпштински вести

Општина Валандово со осмомартовска донација за „Борка“

 По повод Меѓународниот ден на жената, 8 март, Општина Валандово издвои симболични 30.000 денари за здружението за борба против рак „Борка“.

Гевгелија, 8 март 2021(МИА) – По повод Меѓународниот ден на жената, 8 март, Општина Валандово издвои симболични 30.000 денари за здружението за борба против рак „Борка“.

Како што соопшти Општината, добитникот на донацијата е невладина и непрофитна организација основана за подршка на граѓаните, пациентите, нивните семејства и здравствените организации во борба против сите видови рак, а има особена заслуга за еманципација и подршка на жените во нивната борба со ракот на дојката.

Градоначалникот Перо Костадинов при врачувањето на донацијата истакна дека треба сите заедно да работиме на подигање на свеста за подобрување на правата на жените, нивното изедначување со мажите и еднаков пристап во сите сфери на живеење.

-Емпатична и рамноправна заедница е наш предизвик. Неопходно е жените да имаат право на највисоките достапни стандарди на физичко и ментално здравје.Уживањето на тоа право е витално за нивниот живот и благосостојба поради што мора да се ослободиме од оковите на минатото и да изградиме заедница која подеднакво ќе се грижи за секого, рече Костадинов. им/мч/

Back to top button
Close
Close