Дописници МКДОпштински вести

Општина Валандово континуирано ги применува мерките за заштита од Ковид-19

Општина Валандово, која досега нема евидентирано заразено лице од Ковид-19, успешно и континуирано ги применува заштитните мерки и секојдневно презема активности за ефектно справување со пандемската опасност заради безбедност на граѓаните.

Гевгелија,3 април 2020 (МИА) – Општина Валандово, која досега нема евидентирано заразено лице од Ковид-19, успешно и континуирано ги применува заштитните мерки и секојдневно презема активности за ефектно справување со пандемската опасност заради безбедност на граѓаните.

Согласно донесените мерки од Општинскиот кризен штаб, извршено е дезинфицирање на просториите на локалната самоуправа и објектите на сите институции, а во моментов во договор меѓу куќните совети и комуналните работници се врши дезинфекција на влезовите и ходниците на колективните станбени згради, посочија од општината.

-Покрај ова се врши редовна дезинфекција на јавните површини, улиците во градот и населените места,се дезинфицираат контејнерите за ѓубре,а мобилните тимови на граѓанските здруженија и Црвениот крст секојдневно им помагаат на старите лица да се снабдат со храна и лекови,велат од општината.

На сите жители во општината претходно им се доделени заштитни маски и ракавици кои биле донирани од конфекциски фирми,а според последната евиденција во самоизолација на територијата на општина Валандово се наоѓаат 32 лица. им/ир

Таг
Back to top button
Close
Close