Дописници МКДОпштински вести

Општина Валандово ќе испитува дали е прекршен договорот за јавно приватно партнерство

По неполн месец од потпишувањето на договорот за јавно приватно партнерство со чешката компанија „ИЦС Системи“ со чија помош треба да се модернизира јавното осветлување, Општина Валандово најави дека ќе испитува дали дошло до негово прекршување поради сомнеж дека компанијата потпишала договор со локална фирма од Фурка да фигурира како главен изведувач.

Гевгелија, 5 февруари 2021(МИА) – По неполн месец од потпишувањето на договорот за јавно приватно партнерство со чешката компанија „ИЦС Системи“ со чија помош треба да се модернизира јавното осветлување, Општина Валандово најави дека ќе испитува дали дошло до негово прекршување поради сомнеж дека компанијата потпишала договор со локална фирма од Фурка да фигурира како главен изведувач.

-На Фејсбук локалната фирма од Фурка објави фотографии од чинот на потпишување и текст дека ќе биде ангажирана за работа на терен, што е спротивно од договорот што го потпишавме во кој децидно се наведува дека чешката компанија нема да ангажира подизведувач, велат од Општина Валандово.

Во договорот, додаваат, постои можност чешката компанија да потпише договори за работно ангажирање на физички лица и дека евентуално можеби се работи за тоа, но сепак општина Валандово ќе испита дали дошло до прекршување на договорот за јавно приватно партнерство.

Со договорот чешката компанија е обврзана на територијата на Општина Валандово сите сијалични места да ги замени со нови високо квалитетни, модерни и енергетски ефикасни светилки. им/вј/

Back to top button
Close
Close