0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Општина Тетово побара Владата да ја укине забраната за јавен превоз на патници

Тетовскиот кризен штаб денеска упатил барање Владата да се укине забраната за организиран јавен превоз со автобуси и комбиња кои се движат на територија на општина Тетово и околните општини. Оваа забрана беше воведена од 21 април.

Тетово, 13 мај 2020 (МИА) – Тетовскиот кризен штаб денеска упатил барање Владата да се укине забраната за организиран јавен превоз со автобуси и комбиња кои се движат на територија на општина Тетово и околните општини. Оваа забрана беше воведена од 21 април.

-Согласно неодамнешната одлука на Владата и тенденцијата за либерализација на рестриктивните мерки во земјата, побаравме укинување на забраната за организиран транспорт со автобуси и комби кои се движат на територијата на општина Тетово и околните рурални општини, информираа од општината.

Забраната беше воведена на 21 април.

Кризниот штаб во Тетово ги соопшти и најновите бројки на заболени со Ковид-19. Согласно овие податоци, во општина Тетово има 52 заболени од кои двајца починати, во Боговиње 41 од кои шест починати, во Теарце 7, во Брвеница 10 од кои еден починат, во Јегуновце четворица и општина Желино шест заразени од кои двајца починати. бак/

Back to top button
Close
Close