Некатегоризирано

Општина Тетово и годинава со ограничени средства ќе се справува со бездомни кучиња

Општина Тетово за 2021 година согласно Програма за решавање на проблемот со животните скитници на подрачјето предвидува 2 милиони денари за таа намена. Се предвидува заловување и третирање на околу 20 бездомни кучиња месечно, односно околу 240 годишно, се наведува во програмата која е усвоена на овонеделната седница на Советот.

Тетово, 31 јануари 2021 (МИА) – Општина Тетово за 2021 година согласно Програма за решавање на проблемот со животните скитници на подрачјето предвидува 2 милиони денари за таа намена. Се предвидува заловување и третирање на околу 20 бездомни кучиња месечно, односно околу 240 годишно, се наведува во програмата која е усвоена на овонеделната седница на Советот.

-Општина Тетово предвидува 2 милиони денари за што ќе се најде фирма која ќе ги третира бездомни кучиња. Ги повикувам сите граѓани што се касанти од кучиња скитници преку суд да ги реализираат нивните права за обештетување. Во 2020 сме имале вакви барања и тие поминале на комисијата за штети во Советот, изјави Беким Мемети, претседател на Советот на Општина Тетово.

И минатата година справувањето со бездомни кучиња беше реализирано со ограничени средства и преку три тендери. Во 2020 година имаше три тендери, два по 600 илјади денари и еден со 1 милион денари.

-За сите три тендери се третирани околу 300 кучиња. Постапката за едно куче е околу 9000 денари, зависи од примерот.  Предвидува анализа на крвта, утврдување лишманија и во таков случај еутанизија, како и вакцина за беснило, стерилизација и поставување на чип, објаснува ветеринарот Рами Селмани, чија ординација работеше на третирање на кучињата во рамки на трите тендери.

Во досегашните изјави за медиумите, градоначалничката Теута Арифи вели дек за посеопфатно и системско работење преку соодветна служба или институција рече дека е возможно само во склоп на полошкиот плански регион. ас/дма/

Таг
Back to top button
Close
Close