Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Општина Тетово ги предупреди граѓаните дека попладнево е можно локално невреме

Општина Тетово ги извести и предупреди граѓаните за локално невреме со силен дожд и ветер денеска попладне за што сознанија добиле од Центарот за управување со кризи.

Тетово, 5 август 2021 (МИА) – Општина Тетово ги извести и предупреди граѓаните за локално невреме со силен дожд и ветер денеска попладне за што сознанија добиле од Центарот за управување со кризи.

Воедно информираат дека се преземени мерки за спречување на поплави низ градот.

-Попладне и во текот на ноќта, но и во петок наутро, на места ќе има пороен дожд, невреме и засилен ветер. На локално ниво, ќе има интензивни врнежи со поројни дождови во краток временски интервал, силни електрични празнења, силен ветер (над 80 км / ч) и услови за врнежи проследени со град.  Препораката е во случај на електрични празнења граѓаните да бидат внимателни и да не стојат надвор и да најдат засолништа, информираат од Општина Тетово.

По прогнозите за обилни врнежи од дожд и силен ветер овие неколку дена ЈКП Тетово „Водовод и канализација“ ќе врши чистење на атмосферската и фекална канализациона мрежа во градот. ас/цр

Таг
Back to top button
Close
Close