0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Општина Струмица уредува улица со шеталиште во село Градско Балдовци

При крај е уредувањето на улицата со шеталиште во населеното место Градско Балдовци, информираат од Општина Струмица.

Струмица, 30 април 2020 (МИА) – При крај е уредувањето на улицата со шеталиште во населеното место Градско Балдовци, информираат од Општина Струмица.

Додаваат дека се поставени 20 ЛЕД-светилки на канделабри, а во тек е и поплочување на тротоарот на кој ќе бидат поставени 16 клупи и потоа ќе се асфалтира улицата во должина од еден километар.

Освен во ова населено место, и во други се почнати или се завршуваат повеќе инфрастурктурни и комунални зафати. рт/хс/

Back to top button
Close
Close