Дописници МКДОпштински вести

Општина Струмица гради атмосферски канал во село Габрово

Во село Габрово во завршна фаза е изградбата на атмосферскиот канал во должина од 360 метри, кој има еден пропуст и продолжува надвор од селото до главниот пат за влез во него, информираат од Општина Струмица.

Струмица, 28 април 2020 (МИА) – Во село Габрово во завршна фаза е изградбата на атмосферскиот канал во должина од 360 метри, кој има еден пропуст и продолжува надвор од селото до главниот пат за влез во него, информираат од Општина Струмица.

– Изградбата на каналот се реализира со средства од министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој и Општина Струмица и решава повеќегодишен проблем на жителите во ова населено место, стои во информацијата од локалната самоуправа.

За овој зафат обезбедени се еден милион и 341 илјади денари, од кои поголем дел се од министерството за локална самоправа преку Бирото за регионален развој, а помал дел обезбеди Општина Струмица. рт/оџ/

 

Back to top button
Close
Close