Дописници МКДОпштински вести

Општина Струга ќе реконструира три улици во градот и една во Велешта

Со средства од буџетот на Општина Струга, во висина од осум милиони денари ќе се реконструираат три улици во градот и една во селото Велешта.

Струга, 3 февруари 2021 (МИА) – Со средства од буџетот на Општина Струга, во висина од осум милиони денари ќе се реконструираат три улици во градот и една во селото Велешта.

Согласно планираното, како шпто информира Општина Струга, ќе се реконструираат улиците „Мирче Ацев“ и дел од „Кузман Јосифовски Питу“ во должина од 1800 метри, „Плитишта“ 1600 метри, „Глобочица“ 770 метри и улицата број „1“ кај амбулантата во селото Велешта во должина од 2750 метри.

– Се трудиме максимално да им излеземе во пресрет на потребите на граѓаните. Реконструкцијата на улциите ќе овозможи полесно нивно движење и побрзо пристигнување до саканата цел. Секоја нивна потреба е наш приоритет, истакна градоначалникот Рамиз Мерко.

Тој нагласи дека Општина Струга ќе продолжи со реализација и на други капитални проекти во интерес на граѓаните. сс/скс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close