Дописници МКДОпштински вести

Општина Старо Нагоричане објави повик за негуватели на стари лица во рамки на општинско-корисна работа

Општина Старо Нагоричане објави повик за ангажирање на пет негуватели на стари лица во рамки на договорот за соработка меѓу Агенцијата за вработување (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Старо Нагоричане за проектот „Посетување“.

Куманово, 21 август 2020 (МИА) – Општина Старо Нагоричане објави повик за ангажирање на пет негуватели на стари лица во рамки на договорот за соработка меѓу Агенцијата за вработување (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Старо Нагоричане за проектот „Посетување“.

Одбраните кандидати ќе бидат ангажирани шест месеци доколку поседуваат соодветен сертификат за давање на социјални услуги, а седум месеци доколку преку програмата се стекнат со соодветен сертификат за давање социјални услуги и девет месеци ако се вклучат во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес. Тие ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 работни часови неделно. Статусот на невработените лица останува, ќе им остане непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои првпат се јавуваат за учество. Кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени ќе добијат 9.000 денари бруто износ, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Покрај евидентираните невработени лица, можат за учество во програмата да се пријават и долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над пет години), млади лица до 29 години, лица постари од 50 години, корисници на гарантирана минимална помош, самохрани родители, родители на деца со пречки во развојот, родители на три и повеќе деца, лица со незавршено средно или пониско образование.

– Заинтересираните невработени лица пријави за учество во програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување-Центар за вработување Куманово во периодот од 20 август 2020 година до 26 август 2020 година, од 8:00 до 14:00 часот. Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу општина Старо Нагоричане и избраните кандидат, се наведува во повикот на Општина Старо Нагоричане. ам/мд/

Back to top button
Close
Close