Дописници МКДОпштински вести

Општина Ресен утврди програма за чистење на речните корита

Општина Ресен утврди посебна програма за чистење на речните корита и одводните канали на подрачјето од надлежност на општината.

Ресен, 17 јануари 2020 (МИА)

Општина Ресен утврди посебна програма за чистење на речните корита и одводните канали на подрачјето од надлежност на општината.

Во програмата на тамошната локална самоуправа се нагласува дека одржувањето на чисти речни корита и одводни канали е од исклучителна важност за заштита на населението, домовите, инфраструктурата и земјоделските обработиливи површини од ризикот од поплави.

Чистењето и уредување на речните корита е поврзано со речните корите во сливот на Преспанското Езеро, односно отстранување на вегетацијата во коритата, отстранување на комунален отпад и проширување и продлабочување на критични места во речните корита. Според програмата, ќе се чистат Голема Река на сите делници, Источка Река кај селата Болно и Царев Двор, потоа Грнчарска Река кај истоименото село Грнчари, како и други речни канали суводолици на подрачјето на Општина Ресен.

За реализација на програмата обезбедени се финансиски средства, а локалната администрација паралелно ќе врши подигнување на јавната свест за тоа како да се набљудува и штити природата и како да се постапува во случај на поплави.мт/ир

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close