Дописници МКДОпштински вести

Општина Ресен со зголемени инспекциски контроли во Преспа

Општина Ресен викендов ќе врши зголемени инспекциски контроли на целата територија во Преспа, а во функција на мерките за заштита од Ковид-19.

Ресен, 5 јуни 2020 (МИА) – Општина Ресен викендов ќе врши зголемени инспекциски контроли на целата територија во Преспа, а во функција на мерките за заштита од Ковид-19.

Според градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски ваквата одлука која утрово ја донесе општинскиот штаб за заштита и спасување беше неопходно потребна за да се зачува состојбата на ниту еден инфициран со коронавирус во Ресен.

-Од денес и за време на викендот нашите инспекциски служби ќе бидат на терен, на повеќе локации ширум Преспа, а заедно со нив ќе бидат припадници на полицијата, редарски и комунални служби чија единствена задача е следење на примената на задолжителните и пропишани здравствени мерки за заштита на граѓаните. Со мониторингот ќе бидат опфатени граѓаните за кои е задолжително носењето на заштитна маска, како и угостителските објекти кои имаат јасен протокол за работа, изјави Гошаревски по завршувањето на состанокот на општинскиот кризен штаб.

Од Општина Ресен информираа дека на подрачјето на општината нема ниту еден заболен од Ковид-19, а тоа е резултат на почитување на мерките пропишани од македонската Влада. мт/ац/

Back to top button
Close
Close