Дописници МКДОпштински вести

Општина Ресен со превентивни мерки за заштита од коронавирус

Градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски одржа работна средба со членовите на локалниот Совет за превенција и информира за преземените мерки на Општината за заштита од коронавирус.

Ресен, 28 февруари 2020 (МИА)Градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски одржа работна средба со членовите на локалниот Совет за превенција и информира за преземените мерки на Општината за заштита од коронавирус.

Општина Ресен информира дека се утврдени превентивни мерки за заштита од коронавирус кои се со посебен акцент на заштитата на учениците во општинските училишта.

-На состанокот со членовите на локалниот Совет за превенција посочивме дека треба да се почитуваат националните препораки за заштита, а на учениците да им се посочат сите мерки и информации за начинот на заштита, истакна градоначалникот Гошаревски.

Членовите на локалниот Совет за превенција беа информирани дека Општината ќе постави заштитни столпчиња и друга сообраќајна сигнализација за поголема безбедност на учениците на влезовите и тротоарите кај училиштата во општината. мт/мд/

Back to top button
Close
Close