0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Општина Ресен го гради локалниот пат Дрмени – Лавци

Градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски и директорот на Центарот за развој на пелагонискиот плански регион Гого Видимче извршија увид на градежните активности и реконструкција на локалниот пат Дрмени - Лавци.

Ресен, 24 февруари 2020 (МИА)Градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски и директорот на Центарот за развој на пелагонискиот плански регион Гого Видимче извршија увид на градежните активности и реконструкција на локалниот пат Дрмени – Лавци.

Станува збор за проект вреден 11,2 милиони денари, во кој локалната самоуправа партиципира со општински средства во висина од 1,7 милиони денари.

-За реализација на овој исклучително важен проект поддршка добивме од државната Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, а соодветен приоритет и поддршка доби и од Центарот за развој на пелагонискиот плански регион каде како Општина членуваме. Задоволен сум од динамиката и од изведувачите на овој проект, изјави градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски. мт/вг/

Back to top button
Close
Close