Дописници МКДОпштински вести

Општина Радовиш донираше брзи ковид тестови на Здравствениот дом

Општина Радовиш донираше 150 брзи ковид тестови за потребите на ЈЗУ „Здравствен дом Радовиш“.

Радовиш, 27 мај 2021 (МИА) – Општина Радовиш донираше 150 брзи ковид тестови за потребите на ЈЗУ „Здравствен дом Радовиш“.

Според информацијата од Општината, тестовите ги предал градоначалникот Герасим Конзулов и притоа остварил средба со раководството на оваа здравствена установа, на која се разговарало за процесот на имунизација на населението.

На средбата градоначалникот Конзулов ја потенцирал општинската поддршка за Здравствениот дом и изразил подготвеност за идна помош. рт/оџ/

Back to top button
Close
Close