Дописници МКДОпштински вести

Општина Прилеп од буџетот издвои 4,5 милиони денари за субвенции за клими и велосипеди

Прилеп издвои 4,5 милиони денари од буџетот за субвенционирање на граѓаните со клима уреди и велосипеди.

Прилеп, 21 мај 2020 (МИА) – Прилеп издвои 4,5 милиони денари од буџетот за субвенционирање на граѓаните со клима уреди и велосипеди.

Според прилeпскиот градоначалник Илија Јованоски, одобрени се 307 барања на граѓаните за сунбвенционирање клима уреди и 305 барања за субвенционирање при набавка на велосипеди.

-Ги потпишав налозите за исплата на средствата за субвенционирање на инвертор клими и велосипеди. Тоа значи дека, на сите граѓани кои ги исполнија условите пропишани со Јавниот повик, средствата им се префрлени на нивните трансакциски сметки. За инвертор клими беа поднесени 335 барања, од кои се одобрени 307. Додека, за субвенционирање при набавка на велосипеди, пристигнаа 315 барања, од кои се одобрени 305. Причина за неприфаќање на 28 апликации за клими и 10 за велосипеди, е неисполнување на критериумите и условите од јавниот повик. Со издвоените 4, 5 милиони денари од буџетот на општината, директно придонесовме за заштеда на средства од семејниот буџет на 612 прилепски семејства, како и за развивање на еколошката свест кај граѓаните, изјави Јованоски. ем/ев/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close