Дописници МКДОпштински вести

Општина Пехчево обезбеди ново возило за подобрување на јавната чистота во градот

Општина Пехчево обезбеди ново возило за собирање смет наменето за подобрување на јавната чистота во градот. Набавката на возилото, како што информираа од општината, е дел од проектот за изградбата на регионалната депонија.

Пехчево, 13 април 2021 (МИА) – Општина Пехчево обезбеди ново возило за собирање смет наменето за подобрување на јавната чистота во градот. Набавката на возилото, како што информираа од општината, е дел од проектот за изградбата на регионалната депонија.
-Проектот е финансиран од страна на фондовите на ЕУ, кој има главна цел комуналните претпријатија од Источно-планскиот регион да го складираат и селектираат отпадот според стандардите на ЕУ, истакнаа од Општината.
Во својата изјава за време на примопредавањето на возилото градоначалникот на Општина Пехчево, Драган Тренчовски додаде дека со набавка на возилото се решава голем проблем во однос на комуналната хигиена во градот.
-Возилото ќе има основна намена за чистење на повеќе локални и градски депонии на територијата на Општина Пехчево. Со ова покажуваме дека чистата и здрава животна средина е наш приоритет. Во текот на наредниот период значајна ќе биде и селекцијата на отпадот за што општината веќе обезбеди нови контејнери, додаде Тренчовски.
Директорот на Јавното претпријатие „Комуналец” Борис Поповски кажа дека новите возила значително ќе придонесат во заштеда на резервни делови, гориво и масло, а притоа ќе се анулира бучавата и аерозагадувањето од постарите камиони.
-Од една страна ќе се намалат трошоците, а од друга ќе бидеме поефикасни во извршувањето на секојдневните задачи како во однос на комуналната хигиена, така и во однос на другите сектори, додаде Поповски.
Новото возило, како што додаде, ќе ги задоволи капацитетите за депонирање смет од сите реони на Пехчево и околината. вс/вг/

Back to top button
Close
Close