Дописници МКДОпштински вести

Општина Охрид со бесплатни курсеви за социјална интеграција на невработените лица

Општина Охрид објави конкурс за пријавување кандидати за бесплатни курсеви за готвачи, заварувачи, сметководители и за изучување на германскиот јазик, со цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените лица и подобрување на нивните квалификации за евентуално идно вработување.

Охрид, 25 февруари 2020 (МИА) – Општина Охрид објави конкурс за пријавување кандидати за бесплатни курсеви за готвачи, заварувачи, сметководители и за изучување на германскиот јазик, со цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените лица и подобрување на нивните квалификации за евентуално идно вработување.

Курсевите се спроведуваат во рамки на програмата „Активни мерки за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд” за 2020 година на Одделението за локален економски развој.

Предност на пријавување за курсевите имаат лицата што се со статус на невработени лица во Агенцијата за вработување – Центар за вработување Охрид, евидентирани како лица кои активно бараат работa, но и вработени кои сакаат да се доквалификуваат и преквалификуваат.

Потребните документи кандидатите треба да ги достават најдоцна 15 дена од денот на објавувањето на конкурсот, а за повеќе детали можат да се информираат на општинската интернет страница. аб/вј/

Back to top button
Close
Close