Дописници МКДОпштински вести

Општина Охрид ќе субвенционира четири категории туристички дејности

Во насока на обезбедување помош и поддршка на туристичкиот сектор што беше најпогоден од епидемијата на Ковид-19, Општина Охрид објави Јавен повик за субвенционирање четири категории туристички дејности.

Охрид, 2 јуни 2021 (МИА) – Во насока на обезбедување помош и поддршка на туристичкиот сектор што беше најпогоден од епидемијата на Ковид-19, Општина Охрид објави Јавен повик за субвенционирање четири категории туристички дејности.

Субвенционирањето е предвидено за даватели на услуги во сместувачки капацитети во мал обем, туристички водичи, даватели на услуги во селски туризам и селски домаќинства, како и даватели на услуги со воден превоз и рекреативни активности на вода и плажи.

Повеќе информации за повикот како и за начинот на аплицирање заинтересираните можат да најдат на опѓштинската интернет-страница www.ohrid.gov.mk. аб/цр

Таг
Back to top button
Close
Close