0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштествоОпштински вести

Општина Маврово и Ростуше со низа активности за заголемување на енергетската ефикасност

По повод 5 март - Светскиот ден на енергетската ефикасност, градоначалникот на општина Маврово Ростуше, Медат Куртовски, направи кус преглед на досегашните активности кои општината ги презеде во изминатиот период во правец на заголемување на енергетската ефикасност.

Дебар, 5 март 2021 (МИА) – По повод 5 март – Светскиот ден на енергетската ефикасност, градоначалникот на општина Маврово Ростуше, Медат Куртовски, направи кус преглед на досегашните активности кои општината ги презеде во изминатиот период во правец на заголемување на енергетската ефикасност.

-Поставени се фотоволтаични системи како алтернативен извор за производство на електрична енергија на три објекти во општина Маврово и Ростуше и тоа на ОУ „Блаже Конески“ во село Скудриње, ОУ „Јосип Броз Тито“ во село Жировница и Спортска сала „Македонија“ во село Ростуше. Сето тоа е мплементирано преку Министерството за финансии администрирано од страна на Светска банка, објави Куртовски на својот профил на Фејсбук.

Додава дека е извршена замена на прозори и врати во подрачните училишта во селата Врбјани, Присојница и Јанче, направена е нова фасада на Здравствениот дом „Русе Бошкоски“ и на Домот на културата и училиштето во Ростуше.

Посочува дека во тек е реновирање на подрачното училиште во Јанче, како и замена на подот во подрачното училиште во Аџиевци. Исто така, во тек е и реконструкција на полициското одделение во Ростуше од страна на Министерството за внатрешни работи.

-Ќе продолжиме и во иднина со заеднички сили да работиме во насока на заштита на околината, реконструкција на објектите за да се заштеди електрична енергија како и користење на обновливи извори на енергија, наведува Куртовски.вт/лв/

Back to top button
Close
Close