0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Општина Маврово и Ростуше доби донација од ЕУ во заштитни маски и средства за дезинекција

Општина Маврово и Ростуше деновиве добила донација од ЕУ, која се состои од заштитни маски и средства за дезинфекција, наменети за поддршка на напорите на локалната самоуправа во борбата против Ковид-19.

Дебар, 13 јули 2020(МИА) – Општина Маврово и Ростуше деновиве добила донација од ЕУ, која се состои од заштитни маски и средства за дезинфекција, наменети за поддршка на напорите на локалната самоуправа во борбата против Ковид-19.

– Донираните материјали се резултат од заштедите кои се направени во рамки на проектот ,,Подготвителни активности за ИПА 2020, Програма за поддршка на општините“ (Prep4MSP) кој е проект финансиран со средства од ЕУ во блиска соработка со Делегацијата на ЕУ во Македонија во рамки на грантовата шема ЕУ за општините, информираа од општината.

Од таму искажуваат голема благодарност до делегацијата на ЕУ во Македонија.

Во изминатиот период во неколку наврати Јавната здравствена установа „Д-р Русе Бошковски“ во Ростуше, доби заштитни средства, скафандери,визери, медицински маски од повеќе компании и институци.вт/см/

Back to top button
Close
Close