Дописници МКДОпштински вести

Општина Македонска Каменица доби специјално возило за транспорт на смет

Општина Македонска Каменица доби специјално возило за транспорт на смет, како дел од Европскиот проект за изградба на регионална депонија. Од Јавното претпријатие „Камена Река“ информираат дека се работи за современо возило, според сите еколошки стандарди.

Делчево, 6 февруари 2021 (МИА) – Општина Македонска Каменица доби специјално возило за транспорт на смет, како дел од Европскиот проект за изградба на регионална депонија. Од Јавното претпријатие „Камена Река“ информираат дека се работи за современо возило, според сите еколошки стандарди.

– Возилото е со зафатнина од 10 м3 и со него се обезбедува сигурен транспорт на смет и олеснување на целокупната процедура за управување со отпадот. Користењето на возилото ќе придонесе за заштеда на резервни делови, гориво и масло, истакнаа од ЈП „Камена Река“.

Заштедените средства, како што дополнија од Општината, ќе бидат инвестирани за набавка на механизација.

– Со ова општина Македонска Каменица и ЈП „Камена Река“, како претпријатие задолжено за јавната чистота и комуналната хигиена во иднина ќе работат според ЕУ стандарди, во однос на складирање и селектирање на отпадот, во рамки на проектот кој предвидува изградба на Регионалната депонија и повеќе локални и градски депонии на територијата на општините во Источно планскиот регион, дополнија од Општината.

Оттаму очекуваат со ова возило да се подобри ефикасноста во извршувањето на секојдневните задачи на претпријатието, како во однос на комуналната хигиена, така и во однос на другите сектори. вс/мс/

Back to top button
Close
Close