Дописници МКДОпштински вести

Општина Куманово во група на институции со највисок процент на активна транспарентност

Општина Куманово е во група на институции со највисок процент на активна транспарентност, информираа денеска од Општината, посочувајќи го рангирањето на институциите според Индексот на активна транспарентност спроведено од Центарот за граѓански комуникации.

Куманово, 22 јуни 2020 (МИА) – Општина Куманово е во група на институции со највисок процент на активна транспарентност, информираа денеска од Општината, посочувајќи го рангирањето на институциите според Индексот на активна транспарентност спроведено од Центарот за граѓански комуникации.

Куманово е на 16-то место од вкупно 98 вклучени институции и влегува во групата на институции со високо ниво на активна транспарентност. Соседните општини Липково и Старо Нагоричане влегуваат во групата на институции со многу слаба транспарентност. Општина Липково е на 93, додека општина Старо Нагоричане на 96-то место.

Според истражувањето, Североисточниот регион во однос на лани бележи мало подобрување во однос на минатата година и скокнал за една позиција од седмо на шесто место.

Индексот на активна транспарентност се реализира во рамките на активноста јавно трошење за јавно добро, поддржана од проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста. ам/мс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close