Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Општина Куманово распиша две одделни јавни набавки за одржување јавни површини и за тампонирање сообраќајници

Општина Куманово распиша јавна набавка за одржување на јавно прометни површини за една година. Од одделението за јавни набавки на општината информираат дека за оваа набавка предвидени се 34.740 милиони денари без ДДВ.

Куманово, 5 февруари 2021 (МИА) – Општина Куманово распиша јавна набавка за одржување на јавно прометни површини за една година. Од одделението за јавни набавки на општината информираат дека за оваа набавка предвидени се 34.740 милиони денари без ДДВ.

Компаниите што можат да се пријават треба да документ за регистрирана дејност, лиценца Б издадена од Министерството за транспорт и врски, да имаат позитивни финансиски резултати последниве три години. Економските оператори мораат да имаат и поголем број на градежни инжинери и механизација соодветна за изведување на градежните активности која е детално наведена во јавната набавка, како и да имаат искуство во оваа дејност. Понудите треба да се достават до 4 март, годинава.

Општината објави оглас и за градежни работи тампонирање на улици на подрачјето на општината за следните 12 месеци.  За овој оглас фирмите мора да приложат документи, дозволи, да располагаат со одерен број на механизација за извршување на градежните активности. За оваа набавка општината определила 2.542 милиони денари без ДДВ. Понудите треба да се достават до 19 февруари, годинава.ам/ки/

 

Back to top button
Close
Close