Дописници МКДОпштински вести

Општина Куманово: Да се почитуваат препораките на надлежните за превенција од коронавирусот

Во Куманово денеска се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во однос на преземање на активности и мерки за превенција од ширење на корона вирусот. Од Штабот повикаа во целост да се почитуваат заклучоците, мерките и препораките од седницата на Владата, одржана на 10 март, како и сите понатамошни донесени препораки.

Куманово, 11 март 2020 (МИА)Во Куманово денеска се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во однос на преземање на активности и мерки за превенција од ширење на корона вирусот. Од Штабот повикаа во целост да се почитуваат заклучоците, мерките и препораките од седницата на Владата, одржана на 10 март, како и сите понатамошни донесени препораки.

– Се дава препорака јавниот градски превоз да се редуцира и да биде идентичен со возниот ред, кој важи за време на зимскиот односно летниот распуст. Во наредниот период за време на отсуство на децата од училиштата и градинките ќе се направат напори да биде извршена дезинфекција на просториите во основни и средни училишта, како и градинките, се наведува во соопштението на Општина Куманово.

Од Општината апелираат да се почитуваат препораките на Комисијата за заразни болеси при Министерството за здравство и Владата, а доколку се појават симптоми телефон за контакт е ЦЈЗ Куманово 070215851, како и на линкот на официјалната веб страница на Министерство за здравство.

На состанокот присуствувале претставниците на Општинскиот штаб за заштита и спасување, од институции и јавни претпријатија. Општински штаб за заштита и спасување и понатаму ќе ја следи состојбата и навремено ќе реагира. ам/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close