Дописници МКДОпштински вести

Општина Крива Паланка распиша конкурс за стипендирање талентирани ученици и студенти и субвенционирање на превоз

По усвоената одлука на Советот на Општина Крива Паланка, распишани се конкурси за доделување стипендии за поддршка на талентирани ученици-средношколци и студенти и за субвенциониран превоз на ученици и студенти кои учат и студираат во училиштата и факултетите во Република Северна Македонија во учебната  2020/21 година.

Крива Паланка, 12 септември 2020 (МИА) – По усвоената одлука на Советот на Општина Крива Паланка, распишани се конкурси за доделување стипендии за поддршка на талентирани ученици-средношколци и студенти и за субвенциониран превоз на ученици и студенти кои учат и студираат во училиштата и факултетите во Република Северна Македонија во учебната  2020/21 година.

Предвидено е да бидат доделени четири стипендии во висина од 3.000 денари за талентирани ученици-средношколци и четири за студенти, а ќе се исплаќаат за девет месеци во годината.

Конкурсот е објавен на општинската веб-страница www.krivapalanka.gov.mk , а објавени се и критериумите за остварување на правото на стипендирање и субвенционирање.

Право на учество на конкурсот имаат редовни ученици од средно образование со континуиран одличен успех од 4,5 или студенти со просек над 8.50, кои освоиле награди на меѓународни, државни,  регионални и општински  натпревари од областа на науката, техниката, културата, уметност, односно област соодветна на нивното образование, а предвиде ќе бидат  земени и месечните примања по член на семејство во однос на просечно исплатена месечна нето плата по вработен во Република Северна Македонија за последните три месеци.

За студентите кои за прв пат се запишуваат во прва година на студии ќе се земат во предвид резултатите од досегашниот успех во образованието како и претходно освоените награди.

-Општина Крива Паланка за 2020/2021 година ќе субвенционира и превоз на десет студенти, а субвенционирањето е со два повратни месечни билети со превоз од АДПТУТ „Пролетер“ АД , Крива Паланка. Право на субвенција имаат студентите кои се запишани на државните универзитети во Скопје во Република Северна Македонија и се жители на општина Крива Паланка, редовни студенти кои не повторувале година во текот на студирањето. Задолжително е истите да се државјани на Република Северна Македонија, а предвид ќе бидат земени апликации на  студенти, деца на самохран родител, студенти деца на невработени родители, деца без родители и родителска грижа, деца со посебни потреби и корисници на надоместок по основ на престанок на работен однос од деловни причини за кои вкупните приходи во семејството се под нето минималната плата утврдена во Република Северна Македонија, посочуваат од Службата за комуникација со јавност при општината.

Сите потребни документи и условите за учество на конкурсите се објавени на општинската веб-страна, потребните документи се доставуваат до архивата на Општина Крива Паланка во периодот од 28 септеври до 9 октомври 2020 година.

Резултатите ќе бидат објавени во рок од 8 (осум) дена од денот на завршување на конкурсот на огласна табла во општина Крива Паланка и на веб страната на општината www.krivapalanka.gov.mk , со право на приговор во рок од 3 (три) дена од денот на објавувањето на резултатите. Детални информации може да се добијат во канцеларијата на комисијата или на телефоните  076/337-446 и  070/607-543. ид/дма/

Back to top button
Close
Close