Дописници МКДОпштество

Општина Крива Паланка распиша конкурс за прогласување најуспешни просветни работници 

Општина Крива Паланка распиша конкурс за најуспешен просветен работник од одделенска и предметна настава во основното и средното образование за учебната 2020/21 година.

Крива Паланка, 15 мај 2021 (МИА) – Општина Крива Паланка распиша конкурс за најуспешен просветен работник од одделенска и предметна настава во основното и средното образование за учебната 2020/21 година.
На повикот може да се пријават сите просветни работници од територија на општината.
Согласно конкурсот, пријавените кандидати треба да применуваат иновативни наставни практики во воспитно-образовниот процес, а за својата работа да добиле признание од учениците, колегите, родителите или од локалната заедница, да придонесуваат за подобрување и унапредување на образовната работа и да ги подготвуваат учениците да станат активни и одговорни граѓани во локалната зедница и општеството.
Посебни услови за кандидатите од прво до петто одделение, покрај тоа што мора да се вработени во училиштата од Крива Паланка, се и да учествуваат во спроведување активности кои промовираат иновации, напредок и развој на работата во основните училишта и да имаат достигнувања во областа на образованието, културата и уметноста во последните пет години. Кандидатите од предметната настава во основното и средното образование треба да имаат добиено и потврди за менторство во последните три години од акредитирани здруженија на наставници.
Општината доделува и признание за најдобар ученик од ООУ Илинден, најдобар ученик
од ООУ Јоаким Крчовски и најдобар ученик од СОУ Ѓорче Петров кои ќе бидат предложени од
училиштата. Наградите ќе бидат доделени од страна на градоначалникот на Општина Крива Паланка по повод 24 Мај – Денот на просветителството. ид/бак/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close