Дописници МКДОпштински вести

Општина Крива Паланка објави јавен повик за доставување иницијативи за изработка на урбанистички планови

Општина Крива Паланка објави јавен повик за доставување инциијативи за изработка на урбанистички планови за првиот квартал во 2020 година.

Крива Паланка, 24 февруари 2020 (МИА) – Општина Крива Паланка објави јавен повик за доставување инциијативи за изработка на урбанистички планови за првиот квартал во 2020 година.

Јавниoт повик е објавен на веб-страната и на огласната табла во Општината, во информацискиот систем е-урбанизам, во дневни весници и во службеното гласило на Општината.

– Во периодот од 20 февруари до 20 март 2020-та, сите заинтересирани правни и физички лица можат да достават иницијативи за донесување нов урбанистички план или изменување и дополнување постоечки. Заинтересираните правни и физики лица иницијативите можат да ги достават во писмена форма преку архивата на Општината, до Одделение за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во горенаведениот рок, информира службата за комуникација со јавност при Општина Крива Паланка.

По доставување на инивијативите, во рок од 15 дена, комисијата за урбанизам при Општината ќе одлучи по секоја поднесена иницијатива и ќе ги извести подносителите за исходот, со образложение.

Прифатените инциијативи од повикот ќе бидат вградени во годишната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Крива Паланака за првиот квартал на 2020 година. ид/мс/

Back to top button
Close
Close