0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Општина Крива Паланка ќе издвои 2,8 милиони денари за образование во 2020 година

Општина Крива Паланка следната година ќе издвои 2,8 милиони денари за активности и проекти од Програмата за образование, како еден од клучните сегменти за квалитет на социјалниот и економскиот живот во општеството.

Крива Паланка, 6 декември 2019 година (МИА) – Општина Крива Паланка следната година ќе издвои 2,8 милиони денари за активности и проекти од Програмата за образование, како еден од клучните сегменти за квалитет на социјалниот и економскиот живот во општеството.

– Средствата се обезбедени во буџетот на Општина Крива Паланка за 2020 година, Министерство за образование и наука, сопствени приходи на училиштата и донации, а ќе бидат вложени во стипендии за талентирани ученици и студентиза што планирано е да се потрошат 531.000 денари, субвенциониран превоз на студенти64.800 денари, поддршка на талентирани ученици за учество на државни и меѓународни натпревари, избор на најуспешен просветен работник по повод денот на просветителите 24 Мај, реконструкција и уредување на отворени спортски терени и дворни места во училиштата, манифестации организирани од основните и средните училишта и останати активности за поддршка и унапредување на образованиот процес, информираат од службата за комуникација со јавност при општината.

Целите на програмата се обезбедување активен однос на Советот на општина Крива Паланка кон изнаоѓање форми за ефикасно и економично одвивање на образовниот процес, подобрување на условите за спроведување на воспитно- образовниот процес, стимулирање на учениците за унапредување на нивните знаења, подигнување на образовното ниво на младите и возрасните кои се надвор од образовниот систем и зајакнување на нивните стручни и социјални компетенции.

Локалната самоуправа на Крива Паланка планира и останати форми на поддршка на образованието како создавање услови за воведување нови образовни профили во образовниот процес, зголемување на можностите за професионална ориентација, истражувања поврзани со пороците на денешнината. ид/сст/

Back to top button
Close
Close