Дописници МКДОпштински вести

Општина Кочани презема активности за прилагодување на невработените лица кон потребите на пазарот на труд

Во согласност со законските надлежности за локален економски развој, Општина Кочани почна активности за усогласување на потребите од стручен кадар за компаниите, а со помош на програмите за обуки и преквалификација  и активните мерки од Агенцијата за вработување.

Кочани, 24 јануари 2020 (МИА) – Во согласност со законските надлежности за локален економски развој, Општина Кочани почна активности за усогласување на потребите од стручен кадар за компаниите, а со помош на програмите за обуки и преквалификација  и активните мерки од Агенцијата за вработување.

Веќе е упатен повик за соработка до бизнис-секторот, кој преку внатрешна анализа треба да ја согледа потребата од профили на стручен кадар што е неопходен за функционирање и унапредување на производството.

– За да се подобри понудата и конкурентноста на пазарот на труд во нашата општина, за почетокот на февруари иницираме средба со претставници од бизнис-секторот и од Агенцијата за вработување. На средбата ќе се дебатира за стручните и други профили од потребен кадар, како и за можните решенија за негово обезбедување. Очекуваме стопанствениците да ја искажат потребата од квантитативен и квалитативен аспект за лицата што им се неопходни, со што ќе дадат придонес во реализирањето на активноста со која настојуваме да ги подобруме условите за локален економски развој во општината, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Според податоците од Агенцијата за вработување, во Кочани има 2.439 активни баратели, од кои 14 се магистри. Без работен ангажман се и 198 лица со високо образование, од кои 134 се жени, како и 527 невработени со средна стручна подготовка, а од нив 224 се жени. Останатите лица се со основно или без образование.

Преку обуките што ги прави Агенцијата за вработување, заедно со Организацијата на работодавачи и Стопанската комора, ќе се обезбеди преквалификација и доквалификација, со што активните баратели на работа ќе можат да се прилагодат на потребите на пазарот на труд, односно на работодавачите. та/оџ

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close