Дописници МКДОпштински вести

Општина Кочани ги додели наградите за животно дело и за значајни остварувања

Одбележувајќи ги двата празника, 7 Септември, Денот на ослободувањето на Кочани и 8 Септември, Денот на независноста на државава, Советот на Општина Кочани на свечена седница, што се одржа на споменикот на слободата, ги додели највисоките општински награди – за значајни остварувања и за животно дело.

Кочани, 8 септември 2020 (МИА) – Одбележувајќи ги двата празника, 7 Септември, Денот на ослободувањето на Кочани и 8 Септември, Денот на независноста на државава, Советот на Општина Кочани на свечена седница, што се одржа на споменикот на слободата, ги додели највисоките општински награди – за значајни остварувања и за животно дело.

Актерката Наталија Теодосиева, чие последно остварување е една од главните улоги во филмот „Врба“ на Милчо Манчевски, ја понесе наградата за значајни оставрувања за постигнувањата во филмската и театарската дејност.

Во образложението на Одборот за награди и признанија беше истакната демонстрацијата на нејзиното високо ниво на професионализам, длабоката посветеност, инспиративна самоиницијативност и комплетна предаденост на работата. Режисерите со кои досега работела, ја прикажаа како талентирана и бестрашна, со убава професионална иднина.

Наградата за животно дело ја прими Васил Ангелов, културен деец и идеен творец на меѓународната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“. Тој го истакна значењето на наградата затоа што е добиена заради колективна работа, работа со младите кои ги мотивирал на љубов кој творештвото, уметноста и добрината.

На свечената седница, градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, во своето обраќање направи пресек на реализираните проекти во периодот меѓу двата празника, а му додели и посебно признание на потпретседателот во Владата, Љупчо Николовски за поддршката во реализација на проекти од јавен интерес со локално значење.

Посебно признание, во отсуство, му беше доделено и на евроамбасадорот Самуел Жбогар за придонес во развојот на Кочани преку поддршка на проекти од посебна важност за граѓаните, финансирани од Европската Унија.

На свеченоста беа врачени и наградите на учениците на генерацијата од основните и средни училишта од општината, а посебна награда за освоено прво место на натпреварот „Лидер на струка“, за лидер на машинска струка беше доделено на Александра Ташкова, ученик во СОУ „Гошо Викентиев“. та/рп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close