Општински вестиСкопје

Општина Кисела Вода: Светскиот ден на хуманоста да нé поттикнува да помагаме

Само со хуманост, без разлика кому му е потребна помош, без разлика на политичката, етничката, родовата, верската и друга припадност, ќе успееме да направиме среќни насмеани лица, е пораката на Општина Кисела Вода по повод Светскиот ден на хуманоста, 19 Август.

Скопје, 19 август 2020 (МИА) – Само со хуманост, без разлика кому му е потребна помош, без разлика на политичката, етничката, родовата, верската и друга припадност, ќе успееме да направиме среќни насмеани лица, е пораката на Општина Кисела Вода по повод Светскиот ден на хуманоста, 19 Август.

– Денеска ширум светот се одбележува Денот на хуманоста.Секоја година овој ден треба да го одбележуваме се со цел да им искажуваме благодарност на Обединетите нации, на членовите на хуманитарните организации, меѓународните институции и поединците кои се вложуваат себеси, да им помогнат на немоќните, загрозените и сиромашните лица. Овој ден, постојано да продолжи да не поттикнува да помагаме секому, да излегуваме во пресрет секогаш кога е потребно. Во ова време на пандемија им благодариме и на сите вклучени во борбата со КОВИД-19, на сите што ги ризикуваат своите животи за побрзо справување со истиот, на сите кои доставуваат помош на оние лица на кои истата им е најпотребна. И благодариме на Европската унија за досегашната огромна помош на нашата држава. Им благодариме и на сите пријателски земји кои ни помогнаа во справувањето со вирусот, наведува Општината.

Меѓународниот ден на хуманоста, се одбележува во знак на сеќавање на бомбашкиот напад кој се случи на 19 август во 2003 година, во кој во Багдад, во Ирак животите ги загубија 22 хуманитарни работници.
Во 2009 година, Генералното собрание на Обединетите нации го официјализира 19 август како Светски ден на хуманоста.

Општината во оваа прилика потсетува на познатата порака на Мајка Тереза која вели: „Ако не можете да нахраните сто луѓе, нахранете само еден човек“. мч/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close