Општински вестиСкопје

Општина Кисела Вода ќе почне со целосна реконструкција на улица „Милан Мијалковиќ“

Општина Кисела Вода преку проектот за подобрување на општинските услуги МСИП 2, кој го спроведува Министерството за финансии, со поддршка од Светска банка овој месец ќе започне со целосна реконструкција на улица „Милан Мијалковиќ“, во должина од 1218 метри и ширина од 5,50 метри, во населба Прижино, информираат од оваа скопска општина

Скопје, 14 мај 2020 (МИА) – Општина Кисела Вода преку проектот за подобрување на општинските услуги МСИП 2, кој го спроведува Министерството за финансии, со поддршка од Светска банка овој месец ќе започне со целосна реконструкција на улица „Милан Мијалковиќ“, во должина од 1218 метри и ширина од 5,50 метри, во населба Прижино, информираат од оваа скопска општина.

Од таму исто соопштија дека на  наведената улицата, со ширина од 1,5 метри ќе бидат обновени и тротоарите од двете страни.

– Локалната самоуправа во истовреме, големи градежни зафати ќе започне и во урбаната заедница „Цветан Димов“, каде во следните 8 месеци во должина од 2658 метри ќе се поставува нова атмосферска канализација. По завршувањето на овој зафат бенефит од него ќе имаат над 1500 жители, истакнуваат од Општина Кисела Вода. оџ/сп/

Back to top button
Close
Close