Општински вестиСкопје

Општина Кисела Вода делеше маски, ракавици и флаери за заштита од Ковид-19

Градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, волонтери од Општинската организација на Црвениот крст - Кисела Вода и полициски службеници од одделот за превенција, вчера на најфреквентните локации во Општината на граѓаните им поделија 500 заштитни маски, ракавици и флаери со пораки за заштита од вирусот Ковид-19.

Скопје, 20 јуни 2020 (МИА) – Градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, волонтери од Општинската организација на Црвениот крст – Кисела Вода и полициски службеници од одделот за превенција, вчера на најфреквентните локации во Општината на граѓаните им поделија 500 заштитни маски, ракавици и флаери со пораки за заштита од вирусот Ковид-19.

Како што соопштија денеска општинските власти, Општина Кисела Вода благодарение на одличната соработка со Црвениот крст и припадниците на полицијата, досега во корист на граѓаните спроведе повеќе активности.

– За побрзо надминуваање на сегашната состојба со вирусот, уште еднаш потсетуваме за придржување до препораките на Владата, се наведува во соопштението. сп/

Back to top button
Close
Close