Дописници МКДОпштински вести

Општина Кичево со повик за набавка на високоефикасни инвертер-клима уреди

Општина Кичево на жителите што купиле инвертер-клими во тековната 2020 година најдоцна до денот на траење на јавниот повик заклучно со 15 октомври 2020 година, ќе им ги надомести трошоците направени при набавка на инвертер-клими, во висина не повеќе од 62.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство, што го пресметува и го исплаќа Општината.

Кичево, 21 февруари 2020 (МИА) – Општина Кичево на жителите што купиле инвертер-клими во тековната 2020 година најдоцна до денот на траење на јавниот повик заклучно со 15 октомври 2020 година, ќе им ги надомести  трошоците направени при набавка на инвертер-клими, во висина не повеќе од 62.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство, што го пресметува и го исплаќа Општината.

Активностите на општината се со цел да ги стимулира жителите односно домаќинствата за намалување на загадувањето од затоплувањето на домовите, со јаглен, нафта, дрва или мазут, со цел да се намали нарушувањето на квалитетот на амбиентниот воздух во градот и да се зголеми бројот на граѓани што ќе се одлучат да инвестираат средства за нов начин на греење, односно поттикнување за употреба  на поквалитетни уреди за греење.

Повик ќе трае од денот на објавувањето заклучно со 15 октомври 2020 година и ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Барателите се должни да ги исполнат следниве услови – да имаат живеалиште на подрачјето на Општина Кичево, да немаат искористено субвенции за затоплување (печки на пелети/инвертери) на своето домаќинство (станбен објект) од Општина Кичево и други државни институции, до поднесување на барањата да се корисници на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут, да ги предадат постојните печки на јаглен, дрва, нафта или мазут до овластен отпад за  железо на рециклирање, набавените уреди да бидат купени во 2020, се до завршување на jавниот повик, истите  да бидат исплатени во целост и да бидат  инсталирани на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот, набавените уреди задолжително да ги имаат најмалку следните карактеристики: да имаат најмалку COP 5, да греат на надворешна температура од -15°C и бидат најмалку А+ енергетска класа за потрошувачка на електрична енергија за греење, станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее, да ги има платено сите такси и даноци кон Општина Кичево заклучно со 2019 год.

Комисијата ќе изготви предлог до градоначалникот за донесување решенија за исплата на финансиските средства на барателите за кои е утврдено дека ги исполниле условите, според редот на пристигнатите барања по принципот „прв дојден, прв услужен“, до исцрпување на обезбедените средства со буџетот на Општина Кичево за 2020 година за таа намена, се вели во јавниот повикот на општината до заинтересираните граѓани. рз/нд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close