Дописници МКДОпштински вести

Општина Кичево со апел до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19

Според објавените резултати на здравствените власти, вчера во Кичево има две нови лица заразени со Ковид-19. Општината апелира на дополнителни мерки и на почитување на упатствата за заштита од коронавирусот.

Кичево, 17 јуни 2020 (МИА) – Според објавените резултати на здравствените власти, вчера во Кичево има две нови лица заразени со Ковид-19. Општината апелира на дополнителни мерки и на почитување на упатствата за заштита од коронавирусот.

-Од информациите собрани од Кризниот штаб, заразените лица се во целосна изолација, едниот е во Скопје а другите во Битола. Против нив се преземени сите заштитни мерки. Во меѓувреме, тестови се извршени на роднини кои биле во постојана комуникација со погоденитe лица од коронавирус, со надеж дека нивните резултати ќе бидат негативни, истакна Емин Насуфи од општина Кичево.

Во однос на ситуацијата, апелираме до граѓаните на дополнителни мерки, почитувајќи ги упатствата за заштита од коронавирус, да одржат физичко растојание, постојано да ги мијат рацете и да носат заштитни маски, додаде Насуфи.рз/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close