Дописници МКДОпштински вести

Општина Кичево со амбициозна програма за нов изглед на градот

Општина Кичево има амбициозни инфраструктурни планови и планира да бидат реализирани во текот на годината, и покрај состојбата со Ковид-19. Градоначалникот Фатмир Дехари е уверен дека во целост ќе биде и завршено се што е најавено во оваа календарска година.

Кичево, 2 март 2021 (МИА) – Општина Кичево има амбициозни инфраструктурни планови и планира да бидат реализирани во текот на годината, и покрај состојбата со Ковид-19. Градоначалникот Фатмир Дехари е уверен дека во целост ќе биде и завршено се што е најавено во оваа календарска година.

-За годинава планираме повеќе инфраструтурни проекти, со кои во целост ќе го промениме изгледот на градот. Целосно ќе се реконструира улицата „Борис Кидрич“, една од клучните сообраќајници во градот. Улицата ќе добие нова атмосферска канализација, нов асфалт, нови тротоари со рабници и лед-светилки, по што овој дел од Кичево ќе добие целосно нов лик, изјави градоначалникот Дехари.

Тој најави и проект за изградба на стационар за кучиња скитници со што, како што рече, конечно од дневен ред ќе биде симнат проблемот со кучињата скитници. Во стационарот тие  ќе бидат трајно згрижени. Проектот  ќе чини 380.000 евра, обезбедени од Владата.

Дехари најави и  нов градски плоштад со гранитни плочи, ново осветлување и нови содржини во центарот на Кичево.

-За секој град, убавиот плоштад е она по што тој ќе биде запаметен. Затоа и ние целосно ќе го промениме изгледот на градскиот плоштад, со нови гранитни плочи, ново осветление и други содржини, кои ќе бидат лоцирани во средиштето на Кичево. Со овие, но и со други зафати кои планираме да ги реализираме, Кичево ќе го претвориме во посакувано место  за живот и прошетки, додаде Дехари. за/хс/

Таг
Back to top button
Close
Close