Општински вестиСкопје

Општина Карпош воведе дигитализација на дел од јавните услуги

Општина Карпош преку мобилната апликација „мЗаедница“, ќе воспоставува комуникација со граѓаните. Имено карпошани отсега ќе можат преку електронски пат да аплицираат за субвенции и еднократна помош.

Скопје, 16 март 2021 (МИА) – Општина Карпош преку мобилната апликација „мЗаедница“, ќе воспоставува комуникација со граѓаните. Имено, карпошани отсега ќе можат преку електронски пат да аплицираат за субвенции и еднократна помош.

Од Oпштината сметаат дека дигитализацијата на јавните услуги ќе ги направи граѓаните многу позадоволни, како и пониска корупција и поекспедитивна администрација.

– Како општина, ние ја сфативме потребата за двонасочна комуникација со граѓаните. Имаме стапка на одговор од 95 отсто, но што е најважно, по одговорот навистина преземаме иницијатива да се реши определен проблем или да се реализира некоја идеја. Сега, треба да се фокусираме на правилна обработка на податоците и како тие да ни помогнат во креирање идни политики и следење состојби на локално ниво, посочи градоначалникот Богоев на денешниот онлајн настан: „Вклучување на заедницата во процесот на дигитализација на градовите“, организиран од страна на Центарот за социјални иновации „Блинк 42 – 21“ и Македонската американска алумни асоцијација (МААА).

На настанот  учествувал и Ерик Гордон, професор на „Емерсон Колеџот“ во Бостон (САД), кој истакнал дека и другите земји се соочени со предизвикот, како правилно да се користи технологијата и сите современи дигитални алатки.

– Сепак, дигитализацијата на услугите е неминовен процес, кој на долг рок ќе овозможи граѓаните да ја вратат довербата во органите на управата, смета професорот Гордон.

Модераторот на овој настан Зорица Велковска, ко-основач на „Блинк 42-21“, истакнала дека  успешната соработка со Карпош, придонела „мЗаедница“ да стане атрактивна и посакувана мобилна апликација и за други општини.свс/скс/

Таг
Back to top button
Close
Close