Општински вестиСкопје

Општина Карпош: Оние кои сакаат да вршат дејности претстојниот викенд да се пријават на е-маил

По новите одлуки на Владата за спречување на ширењето на коронавирусот, Општина Карпош ги информира сите фирми кои вршат достава на храна и лекови и веќе имаат добиено известувања од Општината за вршење дејност и во полициски час, дека имаат важност и во претстојниот продолжен викенд (5, 6 и 7 јуни).

Скопје, 4 јуни 2020 (МИА) – По новите одлуки на Владата за спречување на ширењето на коронавирусот, Општина Карпош ги информира сите фирми кои вршат достава на храна и лекови и веќе имаат добиено известувања од Општината за вршење дејност и во полициски час, дека имаат важност и во претстојниот продолжен викенд (5, 6 и 7 јуни).

– Сите други компании кои сакаат да вршат достава на храна/лекови, а до овој момент не се пријавиле, треба веднаш да пополнат пријава и да ја испратат на kontakt@karpos.gov.mk во текот на денешниот ден, најдоцна до 18:00 часот, стои во соопштението.

Нерегистрираните земјоделци кои сакаат да вршат дејност во Општината, како и надвор од Карпош во околината на Скопје, за време на претстојниот викенд, да се пријават на kontakt@karpos.gov.mk, со име и презиме, живеалиште, локација каде ќе вршат дејност, број на катастарска парцела и во кој период од полицискиот час ќе работат. Податоците да ги испратат во текот на денешниот ден, најдоцна до 18:00 часот.

Хранителите на бездомни животни и гулабарите, исто така, треба да се пријават на kontakt@karpos.gov.mk, до 18:00 во текот на денешниот ден, со име и презиме, живеалиште и период од денот кога би вршеле дејност, како и да го наведат потегот на кој ќе хранат бездомни животни.

Од Општина Карпош информираат дека сите нецелосни пријави и оние кои ќе бидат испратени по дадените рокови, нема да бидат земени предвид.

– Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат правилата за движење во тек на полициски час, да носат заштитни маски и да не се собираат во групи. Секоја злоупотреба на дозволите за движење се санкционира, се вели во соопштението од Општина Карпош. мд/сп/

Back to top button
Close
Close