Општински вестиСкопје

Општина Карпош објави оглас за субвенционирање на купување нови велосипеди

Општина Карпош го објави јавниот оглас за субвенционирање на купување нови велосипеди за жителите од општината.

Скопје, 7 мај 2021 (2021) – Општина Карпош го објави јавниот оглас за субвенционирање на купување нови велосипеди за жителите од општината.

-Акцијата започнува од денеска и ќе бидат доделени субвенции на граѓани кои ќе купат нов велосипед, не порано од денеска (07.05.2021). Субвенцијата подразбира покривање на дел од трошоците, во износ од 30% од сумата за платен велосипед, но најмногу до 3.000 денари, стои во соопштението.

За оваа намена, општината издвоила финансиски средства од својот Буџет во висина од 500.000 денари, а субвенционирањето ќе се одвива по принципот – „прв дојден, прв услужен“.

-Заинтересираните физички лица при аплицирање за субвенции за велосипеди, треба да ги достават следните документи: Барање за субвенција за нов велосипед, Фотокопија од лична карта, Фотокопија од трансакциска сметка, Фискална сметка со сметкопотврда или фактура за купен велосипед, кој е купен не порано од петок (07.05.2021), Изјава за согласност за обработка на лични податоци, Жителите кои веќе оствариле право на субвенција за велосипед и за тоа добиле средства од Град Скопје, немаат право да учествуваат на огласот, информраат од општината.

Аплицирањето ќе се врши преку пополнување на бараните документи, преку архивата на општина Карпош. Од понеделник (10.05.2021) аплицирањето ќе може да се врши и по електронски пат, преку мобилната апликација „мЗаедница“ (достапна за IOS и Android), како и на веб страната www.m-zaednica.mk.свс/са/

Таг
Back to top button
Close
Close