Општински вестиСкопје

Општина Карпош донираше два мотоцикли на подрачната полициска станица

Полициска станица Карпош доби два мотоцикли кои ќе обезбедат поголема мобилност при извршување на теренските активности, информираат од Општина Карпош кои воедно се и донаторите на двата мотоцикли. 

Скопје, 19 април 2021 (МИА) – Полициска станица Карпош доби два мотоцикли кои ќе обезбедат поголема мобилност при извршување на теренските активности, информираат од Општина Карпош кои воедно се и донаторите на двата мотоцикли.

Како што велат оттаму, мотоциклите ќе се користат од полициските службеници за навремено и поефикасно извршување на работните задачи, особено во делот на зачувување на мирот и безбедноста на територија на Карпош.

Од таму дополнуваат дека локалната самоуправа континуирано ја информира

Полициската станица Карпош за различни прекршоци и уништувања на јавните добра. Исто така, како што велат, редовно се проследуваат и дописите и забелешките од граѓаните за нарушувања на јавниот ред и мир или за девијантно однесување на одредени локации.

Од општината велат дека во рамки на своите можности и надлежности продолжуваат да бидат поддршка за Полициската станица – Карпош, при што, како што велат, основната цел е да се зголеми безбедноста во населбите и да се намали стапката на криминал. aр/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close