0_Македонија.ПорталОпштински вестиСкопје

Општина Карпош ја почна пролетната акција на садење дрвја

Со садење на јавори и чемпреси долж течението на реката Вардар во населбата Карпош 4 почна пролетната акција за засадување на 55 висококвалитетни дрвја. Од општина Карпош информираат дека сите зимзелени и листопадни дрвја се со висина од 3, 5 до 4 метри. 

Скопје, 3 јуни 2020 (МИА) – Со садење јавори и чемпреси долж течението на реката Вардар во населбата Карпош 4 почна пролетната акција за засадување 55 висококвалитетни дрвја.

Од општина Карпош информираат дека сите зимзелени и листопадни дрвја се со висина од 3, 5 до 4 метри.

– Комуналните служби на Општината продолжуваат со зголемување на меѓублоковското зеленило (зеленилото меѓу зградите). На овој начин се придонесува и кон облагородување на јавните површини и зголемување на зелениот фонд на Карпош, велат од Општината.

Според најавите, раззеленувањето ќе продолжи и во следните денови во останатите населби во општината.

Изминатиот период се засадени 643 нови дрвја, како и 1.872 украсни растенија. бак/скс/

 

Back to top button
Close
Close