Општински вестиСкопје

Општина Илинден доби нови контејнери за стаклен отпад

Општина Илинден стана првата македонска општина која беше опфатена од регионалниот проект „Управување со отпад од пакување од стакло во Западен Балкан“.

Скопје, 4 февруари 2021 (МИА) – Општина Илинден стана првата македонска општина која беше опфатена од регионалниот проект „Управување со отпад од пакување од стакло во Западен Балкан“. Со цел зајакнување на отпадната инфраструктура и овозможување полесен пристап до соодветни канти за селекција на стаклен отпад, беа поставени нови 18 контејнери за стакло на повеќе локации во општината, соопштија од Општина Илинден.

– Во рамки на проектот општина Илинден во 2020 година од Пакомак веќе доби 10 контејнери, кои се поставени. Тако што со добиените 10 контејнери од Пакомак уште во 2019 година општина Илинден  веќе ја има обезбедено оптималната бројка од 38 контејнери за собирање стакло, кои се поставени на различни локации. Оваа бројка може по потреба да биде и надополнета и зголемена по завршување на проектот, информираат од Општина Илинден.

Регионалниот проект „Управување со отпад од пакување од стакло во Западен Балкан“, во земјава се реализира со поддршка на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ), Пакомак и Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), а се спроведува истовремено во три држави: Македонија, Србија и Босна и Херцеговина.

Целта на овој проект е преку соработка и воспоставување на синџир на вредности за селективно одложување и рециклажа на отпад од стакло да дејствува кон едукација на граѓаните за важноста за селектирање на стаклото, зголемување за 20 отсто на собраните количини на стакло споредено со 2020, спроведување обука за јавните комунални претпријатија, како и развивање на три нови бизнис модели (урбан, рурал и Хорека) со кои ќе се поттикнат општините да бидат поефикасни во собирањето на стакло и неговото рециклирање. оџ/нд/

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close