Дописници МКДОпштински вести

Општина Градско продолжува со градежните активности

Општина Градско изминатиот викенд асфалтираше дел од улицата „Цар Самоил“ во село Виничани.

Велес, 19 мај 2020 (МИА) – Општина Градско изминатиот викенд асфалтираше дел од улицата „Цар Самоил“ во село Виничани.

Како што информира градоначачникот на Општината Роберт Бешовски, асфалтирањето на оваа улица е согласно предвидената динамика на градежните активности на Општина Градско.

– Со ова правиме напори како локална власт да ги подобриме условите за живот на жителите од сите населени места во Општина Градско, потенцира Бешовски.

Тој најавува дека и во текот на оваа градежна сезона Општината подготвува нови градежни инвестиции за уште неколку локации и во останатите населени места низ Општината. ад/мс/

 

Back to top button
Close
Close