Дописници МКДМКДОпштински вести

Општина Градско наредниот месец ќе започне да го гради пристапниот пат од Регионалниот пат до населбата „Лаките“ во село Виничани

Општина Градско распиша јавна набавка за изградба улица бр.3 - Пристапен пат од Регионален пат 1102 до населба "Лаките" село Виничани во должина од 571,5 м (до подвозникот на пругата) и вкупна вредност од 3 милиони и 743 илјади денари,од буџетот на Општина Градско

Велес 19 април 2021(МИА)- Општина Градско распиша јавна набавка за изградба улица бр.3 – Пристапен пат од Регионален пат 1102 до населба “Лаките” село Виничани во должина од 571,5 м (до подвозникот на пругата) и вкупна вредност од 3 милиони и 743 илјади денари,од буџетот на Општина Градско.

Како што информира градоначалникот на Општина Градско, Робер Бешовски, изградбата на проектот ќе отпочне во текот на наредниот месец по завршување на јавната набавка.

-Целта е да создадеме подобри услови за живеење на сите жители во Општина Градско, а еден од тие услови е обновена инфрастуктура и подобри и побезбедни патишта, потенцира Бешовски.

 

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close