Дописници МКДОпштински вести

Општина Градско ќе ја подобрува патната инфраструктура кон земјоделските површини

Општина Градско неделава потпиша договор со Центарот за развој на Вардарски плански регион за подобрување на патната инфраструктура во подрачјата со земјоделска дејност и обработливи површини.

Велес, 30 јули 2021 (МИА) – Општина Градско неделава потпиша договор со Центарот за развој на Вардарски плански регион за подобрување на патната инфраструктура во подрачјата со земјоделска дејност и обработливи површини.

– Реконструкција и санација на пристапен пат до земјоделски обработливи земјишта во општина Градско од село Виничани до месноста викана Свети Илија – (Ѓорѓиица) во должина од вкупно 900 метри (500м+400м). Договорот го потпишаа градоначалникот Роберт Бешовски и Игор Андреев раководител на ЦРВПР.

Како што информира за МИА градоначалникот на Општина Градско Роберт Бешовски, средствата се обезбедени од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

– Реализација на проектот се очекува по завршување на постапката за јавна набавка кон почетокот на месец септември, најави Бешовски. ад/мс/

Back to top button
Close
Close